Ниеден третман за слабеење не е толку екстремен како мерката која ја презела една жена од Ајова, САД. Таа купила тенија, цревен паразит, која што ја проголтала, пренесува „Фокс њуз“. Но, за среќа, веднаш побарала помош од доктор, кој во неверување ја повикал Државната здравствена канцеларија. Од таму препорачале специјални лекови кои ги убиваат паразитите.
– Внесувањето тенија е многу ризично и опасно бидејќи предизвикува многу компликации, а може да доведе и до смрт. Оние кои сакаат да ослабнат, најдобро е да ги користат веќе познатите методи, да јадат помалку калорична храна и да ја зголемат телесната активност – порачуваат преку медиумите од Државната здравствена канцеларија.
Оттаму препорачуваат до сите доктори да ги предупредуваат пациентите бидејќи се смета дека тениите се продаваат преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.