| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен рокот за аплицирање за ИПАРД средствата

zemjodelieРокот за аплицирање за програмата на ИПАРД е продолжен до 30 септември. Осмиот јавен повик за користење средства од програмата на ИПАРД требаше да заврши денеска. Според Платежната агенција, рокот е продолжен за да им се излезе во пресрет на потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на средствата од ИПАРД.

Средствата се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и на приемницата на Агенцијата и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top