Академскиот сликар Костадин Батев утре, 23 август, во Културен центар „Григир Прличев“ – Охрид ќе отвори самостојна изложба. Батев дипломирал во Скопје на ФЛУ во класата на проф. Вело Ташовски во 2004 година.
Учествувал на повеќе ликовни колонии во земјата и на групни изложби во земјата и странство. Самостојно има изложувано во повеќе градови низ Македонија, како Скопје, Струмица, Валандово, Дојран. Ова ќе биде негова шеста самостојна изложба, на која ќе се претстави со 15 дела од најновиот циклус создадени во 2013 година. Десет дела акрилик на платно и на картон и пет графики изработени во сито печат.
Изложбата ќе ја отвори академскиот сликар Славко Упевче, а отворањето ќе биде во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.