| четврток, 6 декември 2018 |

Без победа за домашните екипи вечерва во Лига на шампиони

sampioni

На останатите пет квалификациски двобои за пласманот во групи во фудбалската Лига на Шампиони гостинските екипи се враќаат во реваншот со полн плен. На ниту еден натпревар домашните екипи не остварија победа.

Динамо Загреб на свој терен ја пречека екипата на Австрија од Виена. по првиот дел натпреварот заврши без голови, но во вториот дел гостите преку Леовац и Станковиќ во 68 и 75 минута речиси сигурно пред реваншот на домашен терен се пласираа во групите од Лига на шампиони.

Во натпреварот во Истанбул пред одлична атмосфера и преполн стадион се сретнаа постојаните учесници во најсилното европско натпреварување екипите на Фенербахче и Арсенал. Целосната доминација на Арсенал на теренот ја материјализираа во вториот дел со три постигнати погодоци преку Гибс, Ремси и Журу од пенал. Арсенал смирено ќе го чека реванш мечот на свој терен кој се игра за една недела.

Во натпреварот со најмногу постигнати голови победи гостинската екипа од Базел. Тие го декласираа бугарскиот шампион Лудогорец со 4-2 кој сепак успеа да постигне два гола и да се надева на подобра игра во реваншот.

Најголемото изненадување во вечерашните натпревари го направи екипата на Паок од Грција која на гостувањето во Гелзенкирхен одигра нерешено 1-1 со  екипата на Шалке. Големиот фаворит Шалке поведе уште во првото полувреме со голот на Џеферсон Фарфан во 32 минута. Сепак грците не се предадоа и во вториот дел постигнаа гол и го направија ово двобој најинтересен во реванш дуелите. Шалке за да се пласира во групи мора да победи во Солун на реваншот.

Во Букурешт екипите на Стеауа и Легија од Варшава одиграа нерешено 1-1 и најавија интересен натпреавар во Варшава за седум дена.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top