| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Не сум повикан на суд и не знам ништо за тоа

По најавите на италијанските медиуми дека Горан Пандев може да биде повторно повикан на суд за случајот со Лацио од 2009 и да добие суспензија се додека не се добие разврска, „ Македонски спорт“ успеа да го исконтактира нашиот најдобар играч.

– Кој и зошто да ме суспендира? Јас сум играч на Наполи и немам никаков спор со Лацио. Случувањата од 2009 се завршени. Можеби Лацио бара некои пари од Интер за мојот трансфер во Наполи. Јас немам ништо со тоа. Не сум известен за никаков судски спор ниту моите адвокати. Сигурно јас лично знам што се случува со мене, а не некои медиуми кои веќе ме отпишаа и од Наполи – изјавил Горан Пандев за „Македонски спорт“.

Горан Пандев го доби спорот со Лацио за мобинг и направи трансфер во Интер каде подоцна ја освои и Лигата на шампиони под водство на Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top