| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсениот Македонец во Франција е Миле Хаџиски, член на групата Пинк Пантер

mile hadziski

Уапсениот македонски државјанин во понеделникот во Авињон е Миле Хаџиски, кој во Македонија се бара за убиство на неговата девојка во скопската населба Аеродром во 1993 година – информираат од македонското МВР.
Француските медиуми објавуваат дека уапсениот е четириесет и едногодишен маж со македонско државјанство, кој бил баран од француската полиција поради убиство и грабеж, направени во Македонија и Швајцарија. За него имало два меѓународни налози за апсење.
Криминалецот бил откриен со локализирање на неговиот мобилен телефон.
Во моментот кога Хаџиски бил уапсен го користел идентитот Зоран Томиќ. Тој располагал со повеќе идентитети, бил поранешен легионер и со претпоставка дека и припаѓа на бандата „Пинк Пантер“.
Налог за негово апсење имаа издадено Македонија и Швајцарија. Тој успеал да побегне од швајцарскиот затвор Буа Мермет во Лозанo во мај оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top