Жител на битолското село Трновци лажел дека има болна ќерка за да заработи пари. Битолската полиција кривично го гони триесетгодишниот У.М. откако бил пријавен дека од четириесет и деветгодишната Ј.С. со измама зел 450 австралиски долари.
Во јули годинава, У.М. се сретнал со Ј.С. од Австралија, која привремено престојувала во Битола, и од неа побарал да му даде 450 австралиски долари, покажувајќи ѝ лажни документи дека неговата ќерка е тешко болна и дека итно му се потребни пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.