| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Заев влегуваат во комисијата за Црниот понеделник

Премиерот Никола Груевски и лидерот на социјалдемократите Зоран Заев лично ќе ги пеглаат разликите во идните три дена, за Комисијата да дојде до усогласени заклучоци и препораки. Тие ќе бидат дел од aд-хок Комисијата за расчистување на инцидентите од 24 декемвр – објави 24 Вести, повикувајќи се на партиски извори од преговарачките тимови.

Најверојатно во Комисијата се враќа и претседатателот во оставка Борче Давитковски. Странскиот набљудувач Петер Ванхоуте е веќе вратен во земјава, а на денешната средба ќе се појават и членовите делегирани од двете партии – Дулиќ и Димовски, како и Десковска Треневска и Фрчковски.

Проширувањето на составот на Комисијата со учество лично на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, според истите извори, доаѓа на иницијатива и на предлог на првиот социјалдемократ Заев, а премиерот го прифатил предлогот на вчерашната средба во Владата.

Заев денеска во клубот на пратениците ќе биде засилен со Шекеринска, а и Груевски најверојатно ќе биде придружуван од негов човек од доверба. Сепак, учеството на двајцата лидери не значи и дека веќе има договор за извештајот.

Неофицијално СДСМ инсистира на правна формулација за уставно прекршување, додека ВМРО-ДПМНЕ за кривична одговорност за поранешни и актуелни функционери што предизвикале инцидентите да се случат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top