| четврток, 6 декември 2018 |

Владата повика на побрз откуп на пченицата

pcenica

Министерството за земјоделство побара да се забрза откупот на пченицата од страна на сите инволвирани во процесот. Како што соопштуваат од Министерството за земјоделство, тоа било многу важно во овој момент затоаа што значело заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители и на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор, како и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно.

– Остварувањето на овие цели за Министерството е приоритет кој е во интерес на Република Македонија и на македонското земјоделство – наведуваат од МЗШВ.

Според Министерството, досега се откупени 120.000 тони или 82 отсто од планираните количини кои ќе се движат во границите на откупот од претходните жетви.

– Во насока на објективно информирање на македонската јавност, а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта, информираме дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на забрзување на динамиката на откуп – наведува Министерството за земјоделство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top