| четврток, 6 декември 2018 |

Младинските репрезентации на Македонија ќе започнат со контролните натпревари

Трите младински фудбалски репрезентации на Македонија (до 16, 17 и 19 години), денеска и во четврток ќе одиграат по два контролни натпревари, кои се дел од нивните подготовки за претстојните квалификациски активности

reprezentacija19-500

Селекцијата до 16 години ќе одигра две контролни средби во Србија, и тоа во Владичин Хан, Србија, денеска и в четврток со почеток во 17 часот.

Во Скопје ќе играа репрезентациите до 17 и 19 години, и тоа против соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина.

Репрезентацијата до 17 години своите натпревари ќе ги игра на терените на Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Првиот денеска (вторник) од 18 часот, а вториот в четврток од 9 часот и 30 минути.

На стадионот на ФК Македонија Ѓорче Петров ќе играат фудбалерите до 19 години, и тоа попладнево од 17 часот и 30 минути, а в четврток од 10 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top