| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се теориите на заговор за смртта на принцезата Дајана?

Истрагата за смртта на принцезата Дајана официјално е затворена во 2008 година со заклучок дека дефинитивно станува збор за сообраќајна несреќа предизвикана од пијаниот возач. Сепак, и претходно, а особено по затворањето на случајот, се посилно се зборува за теории на заговор и за намерно предизвикана смрт на принцезата. Пред неколку дена се појавија шпекулации дека Дајана и Доди ал Фајед биле егзекутирани од британски специјалец, а претходно се зборуваше и за расипан појас на седиштето на принцезата, како и за бел фијат кој им го пресекол патот.

dajana dodi 

Еден од сведоците во финалната фаза од истрагата во 2008 година бил поранешниот војник Ричард ТОмлинсон. Тој тврди декатајната разузнавачка служба скроила план за убиство на Дајана по примерот на планот за атентат на Слободан Милошевиќ смислен во 1992 година, но кој никогаш не бил спроведен. Томлинсон рекол дека возачот на принцезата Хенри Пол бил во договор со тајната служба и дека намерно на предизвикал сообраќајката. Судот ги испитал неговите тврдења и ги прогласил за лажни. Сепак, тврдењата за вмешаноста на тајната разузнавачка служба повторно се актуелни овие денови.

vozilo dajana

Скај њуз пренесува дека полицијата дошла до писмо потпишано од „Војник Н“ во кое поранешен војник зборува за нарачано убиство од британската војска, а потоа случајот е заташкан. Се појавија и гласини за дневникот на Дајана во кој наводно напишала дека „ја гонат за да ја убијат“. Кралското семејство не се огласи по овој повод, а полицијата истакна дека ќе ја провери приказната за дневникот, како и писмото на војникот, но нова истрага нема да отвора.

Една од најпопуларните теории на завера вели дека Дајана настрадала затоа што носела дете на тогашното нејзино момче Доди ал Фајед со кој планирала веридба по разводот од принцот Чарлс. Кралското семејство наводно не можело да го поднесе срамот, па принцот Филип лично наредил да се „отстрани“. ДОполнително им сметало тоа што Фајед бил Египќанец.

Анализата на остатоците од мерцедесот со кој се превезуваше Дајана за време на несреќата утврдила дека автомобилот пред несреќата имал контакт со бел „фијат уно“. Таткото на Фајед тврди дека фијатот намерно бил поставен за да го блокира патот но автомобилот никогаш не беше пронајден.

dajana vozilo tunel

Во сведочењето од 2003 година Мохамед Фајед истакна дека тунелот Понт де Алма во кој се случи несреќата во Париз имал најмалку 10 безбедносни камери. Сомнително е тоа што ниту една камера не го снимила моментот кога мерцедесот удрил во столб, поради што таткото на Доди тврди дека биле намерно исклучени.

Дајана и Доди не биле врзани со појаси во моментот на несреќата. Француските истражни власти во 1998 година објавија дека појасите биле функционални, но дека не сакале да се врзат патниците. Британците во 2005 година повторно ги анализирале остатоците од автомобилот и утврдиле дека појасот на Дајана не функционирал, но се верува дека се расипал по несреќата.

dajana pojas

Во верзијата дека возачот Анри Пол бил во договор со тајната служба веруваат многу Британци. Во прилог на оваа теорија говори и податокот дека возачот во моментот на несреќата во себе имал голема количина пари, па се претпоставува дека планирал да побегне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top