Долгогодишниот батлер Пол Барел бил човек од доверба на принцезата Дајана. Тој неодамна проговорил за последниот разговор што го водел со неа, пред таа трагично да загине на 31 август 1997 година.
Пред да замине за Париз таа била нерасположена. На Барел му рекла дека е очајна и осамена. Пред да замине на пат, го прашала: Ќе бидеш ли тука кога ќе се вратам?
Во својата книга Барел пишува дека Доди и Дајана, всушност, немале сериозна врска.
– Вистинска љубов на нејзиниот живот, нејзината сродна душа беше хирургот кардилог Хаснет Кан – изјави Барел за „Еј-Би-Си њуз“.
Него го запознала кога била во посета на кралската болница „Бромптом“.
– Била во лифт кога тој влегол и веднаш знаеше дека тој е вистнскиот – изјави Барел.
Неколку дена по несреќата Кан му се јавил плачејќи и велејќи дека му е неизмерно жал што не добил шанса тој да ја оперира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
„Соба за тага“ ја напишал затвореник обвинет за убиство на љубовникот на својата сопруга?
-
Цеца после 24 години се сретна со својот љубовник-еве како изгледаше средбата!
-
Пред 20 години почина „Принцезата на народот“