
фото Дневник
На Шар Планина сменети се двојазичните табли, а на нивно место поставени се други со сменети топоними, напишани само на албански јазик. Така, ако патувате по Шара, ќе забележите дека Шипковица сега е Шикој, Вејце е преименувано во Вис, Раковец во Ракој, Порој во Прој. Месноста Kале е преведена во Kалаја, а Бањиче во Баниште, Фалише во Фалиш, додека Попова Шапка во Kодра е Диелит, што во превод од албански значи Сончева Долина, пишува Дневник.
Во општина Тетово немаат поим кој и со каква цел ги сменил таблите, но најавуваат дека наскоро ќе ставеле нови, тријазични.
Од Институтот за македонски јазик се децидни дека топонимите се заштитени со Законот за културното и духовното наследство, но и потврдуваат дека нема казни за тие што ќе се дрзнат да не ги почитуваат, односно да ги променат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


