
Ал Каеда планира напади на европската мрежа на брза железница, објави најтиражниот германски весник „Билд“ повикувајќи се на разузнавачки извори.
Во текстот се наведува дека терористичката група може да постави експлозив во возови и тунели или да саботира пруги и електрични исталации.
Според „Билд“, информациите потекнувале од американската нацонална безбедносна агенција НСА која прислушувала конференциски разговори во кои учествувале високи оперативци во Ал Каеда, а главна тема биле нападите на железницата.
Германските власти на заканите одговориле со воведување дискретни мерки, како распоредување полицајци во цивилки на најголемите железнички станици и во главните линии во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


