Фудбалскиот клуб од Лондон Челси во следните два дена ќе испрати последна понуда до Манчестер јунајтед за Вејн Руни како што наведуваат англиските медиуми.
Тренерот на сините од Лондон Жозе Мурињо сака да потпише четиригодишен договор со играчот за неделна плата од 300.000 евра.
На ово предлог на Мурињо позитивно одговорил и сопственикот рускиот тајкун Роман Абрамовиќ.
Манчестер јунајтед до сега одби две понуди од Челси и цврсто стои на ставот дека играчот не е на продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.