Светот на тенисот деновиве го изненади веста која што дојде од земјата која го организира првиот грен-слем во сезоната.
Имено, некогашниот австралиски тенисер Боб Хјуит, е обвинет за два случаи на силување малолетни тенисерки во периодот од пред 20-на години, кога работел како стручњак и тренер.
Обвинителството поднело тужба проив повеќекратниот освојувач на титули на најголемите светски тениски турнири во конкуренција на двојки, поради сексуален напад врз девојчиња помлади од 16 години во Сан Сити во 1981-та година, како и во Боксбург 1982-та.
Хјуит е обвинет дека во 1994-та година силувал уште една млада тенисерка, која што тогаш немала 18 години.
Сега седумдесетгодишниот Хјуит, во минатото ги отфрлуваше сите обвинувања, а не присуствуваше ниту на првото рочиште од тужбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


