Во една хотелска соба во Брантфорд во Онтарио, пронајдени се 40 питони во пластични садови, соопшти денеска канадската полиција.
Змиите припаѓаат на двојка која била исфрлена од својата куќа и која со питоните сместување нашла во хотел.
Пронајдените питони се долги од 30 сантиметри до 1,4 метри, во лоша здравствена состојба и во моментот се наоѓаат на ветеринарски преглед.
Пред повеќе од една недела, питон кој побегна од терариум задави две канадски момчиња на спиење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


