| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Џерард Батлер љуби 20 години помлада

Џерард Батлер (43), познатиот холивудски заводник, веќе седум месеци е во среќна врска со 25-годишната романска манекенка Мадалина Генеа. Двојаката се запознала на снимање на една реклама.

Шкотскиот актер ја изгубил главата по неа, па решил да ја посети манекенката на сетот на филмот „Don Hemingway“ во Франција.

„Во врска сме веќе седум месеци. Се надевам дека оваа врска ќе трае долго“, изјавил задовникот Батлер.

Тој пред една година беше во врска со мажена жена која сакала да стане моделка и актерка. Откако одлучила да се разведе за да биде во врска со Батлер, таа дознала дека тој во исто време се забавува со други девојки, и ја прекинале врската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top