Иако сите сметаа дека финалето во Струга веќе е резервирано за Вардар и Металург, тоа нема да се случи. Вардар вечерва загуби од француската екипа Иври со 30:29, со што Иври го зазеде првото место во групата 1.
Вардар на почетокот на вториот дел водеше со 22:14 (35.минута), но Иври со голот на Симоне во последните секунди сепак дојде до победата. Тренерот на Вардар, Зоран Кастратовиќ во вториот дел играше со „вториот тим“. Најефикасен на дуелот беше Симоне со 8 голови, а кај Вардар Дибиров постигна 6.
Металург пак со резултат 32:19 ја совлада екипата на Версај.
Во групата 2, Металург е прв, пред Брест Мешков, трет е Версај, а последна е екипата на Струга.
Распоред за утре:
Констанца – Версај (5.место);
Вардар – Брест Мешков (3.место)
Металург – Иври (финале – 21.часот).
Поради лошото време и дождот натпреварите вечерва се играа во сала, а не на отворениот терен на „Женска плажа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.