| четврток, 6 декември 2018 |

Неџипи пред вратите на Шкендија

Македонскиот интернационалец Ндерим Неџипи на својот профил на „Фејсбук“ постави слика на која се гледа дека е на вечера со директорот на фудбалскиот клуб Шкендија, Матијас Валтер.

Тој во текот на вчерашниот ден објавил дека го раскинал договорот со романскиот клуб Васлуи и дека е блиску до преселба во таборот на „црвено-црните“ од Тетово.

Сѐ уште нема официјална изјава од претставниците на клубот за преселба на Неџипи, кој ќе биде големо засилување за Шкендија.

Неџипи досега има настапувано за Слога Југомагнат, Вардар, Работнички и за Шкендија во првенството на Македонија.

Пред околу две недели во тетовскиот клуб како главен спонзор влезе компанијата „Еколог“ со газдата Љазим Дестани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top