Градоначалникот на Центар денеска во Основното јавно обвинителство ја поднесе документацијата од внатрешната ревизија на протектот „Скопје 2014“. Тој притоа нагласи дека сега на потег е обвинителството откако ревизорите си ја завршија работата. Постојат сериозни индиции за незаконско работење, а тоа е всушност и основата за евентуално постапување од обвинителтвото, рече Жерновски. Според него, незаконско работење, покрај во претходната локална власт, има и во централната власт, особено во Министерството за култура. Жерновски оцени дека поднесената документација е шанса за обвинителството да покаже дека работи независно и да се докаже дека имаме судство кое предметите не ги третира селективно.
фото: Ѓ. Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани