Деловно-трговски објект на површина од околу 1.600 квадратни метри ќе се гради во центарот на Прилеп, пишува „Дневник“.
Плацот е продаден за 400.000 евра на електронска аукција, а засега инвеститорот останува тајна. Од локалната самоуправа информираат дека еден квадрат е продаден за 15.500 денари инаку седум пати повисока од почетната цена, која изнесуваше 2.250 денари.
Според весникот, се водела жестока битка во наддавањето на три македонски компании, од која едната успеала да плати највисока цена.
Плацот е на просторот на покриениот пазар за продажба на млечни производи, кој ќе се урива за да се изгради деловно-трговскиот центар со приземје и два ката и подземна гаража со површина од околу пет илјади квадратни метри. Дел од деловниот просторот треба да му припадне на јавното претпријатие „Пазари“. Инвеститорот за една година ќе изготви проект, а објектот ќе го гради максимум шест години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.