Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, на места по влажни коловози со мали остатоци од кашест снег. Поради ниските температури коловозите се подмрзнати, но истите се опесочуваат континуирано. Од ЈП Македонија пат велат дека Дежурните екиписе на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


