| четврток, 6 декември 2018 |

Гомез си отиде од Баерн затоа што сакал да смени средина

Марио Гомез, изјави дека го загубил интересот за освојување трофеи со баварскиот фудбалски гигант, па сакал да игра фудбал некаде надвор од Германија

Gomez

Напаѓачот поради ова одлучи да се пресели од Баерн Минхен, а да ги засили редовите на италијанскиот клуб Фиорентина. Трансферот го комплетираше во тековниот летен преоден период, вреден 16 милиони евра.

„Се надевам дека оди добро во Фиренца. Можеби за една година ќе седиме тука и ќе сфатиме дека тоа не била правилна одлука. Фиорентина е еден вид предизвик кој го барав. Мислев, можам да останам на „Алијанц“, можеби ќе седев на клупата за резервни играчи три години и ќе освоев уште три титули или да се обидам да се развијам како личност и како играч“, изјави Гомез за медиумите од Апенините.

Тој додава дека било тешко да се напушти Бундеслигата, меѓутоа од друга страна тврди оти уште како дете мечтаел да игра во Серие А.

„Некои луѓе не можат да го разберат ова, бидејќи себе си се дефинираат според освоените титули. Меѓутоа можеби, при крајот на кариерата, убаво е да се совлада друг јазик, наместо да се освои нов пехар“, наведува германскиот репрезентативец.

Гомез би можел прв пат да заигра во виолетов дрес на 22-ри август, на воведниот плеј-оф дуел за пласман во Лига Европа.

Фудбалското првенство на Италија почнува на 25-ти август, а Фиорентина во првата рунда игра против Катанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top