Втората сезона за ова лето во „Колосеум“ почнува со Том Нови оваа сабота, 17 август. Со сет од 3 часа, максимална енергија, преслушување на најголемите хитови и забава под отворено небо, германскиот диџеј ќе го отвори летниот клуб. Атмосферата ќе ја загреваат диџеите од радио „Антена 5“.
Стартот на забавата е закажан по полноќ, а влезниците веќе се во продажба по промотивна цена од 200 денари во: Југотон , Камарад Рамстор, Цвеќара Розе Веро 2 и сите прдажни места на „МК Тикетс“.
По настапот во Скопје, Том Нови заминува во Холандија, па Грузија, Украина и Јужна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.