
Американскиот претседател Барак Обама играл карти за време на акцијата на специјалниот тим морнарички Фоки во која беше убиен Осама бин Ладен, тврди поранешен соработник на Обама, Реџи Лав.
Според личниот асистент на претседателот, Обама не сакал да ја следи во живо операцијата на командосите во Пакистан.
– Повеќето луѓе беа во просториите за вонредна состојба. Меѓутоа, Обама не сакаше и рече дека не сака да оди таму, не можел да ја гледа целата таа работа – рекол Лав укажувајќи дека за сето тоа време претседателот изиграл 15 партии карти.
На официјалната фотографија која Белата куќа ја објави по успешната акција, Обама беше прикажан заедно со државната секретарка Хилари Клинтон и потретседателот Џо Бајден, како и со други официјални лица од неговата администрација како го следи директниот пренос од операцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


