| четврток, 6 декември 2018 |

Нуркачите не можат да ги пронајдат телата на морнарите од експлодираната подморница

Explosion and fire on Indian navy submarineНуркачите на индиската морнарица влегоа во подморницата што потона по двете експлозии во пристаништето Мумбај, но сѐ уште не дојдоа до телата на 18 морнари што загинаа во несреќата.

Нуркачите го отвориле главниот отвор на врвот на подморницата и ја испумпуваат водата за да го кренат пловилото на површината на водата бидејќи тоа лежи на мала длабочина во пристанишниот док, изјавија претставници на морнарицата.

Несреќата што се смета за најлоша во историјата на морнарицата уште од потонувањето на фрегатата во 1971 година, што ја потопи пакистанска подморница, во сенка ја фрли  индиската воена способност додека земјата се обидува да ѝ парира во воена сила на сѐ посилната кинеска војска.

Делови на оштетената подморница ѕиркаат од водата, а морнарички претставници  изјавија дека се продолжува со испумпување на водата од пловилото.

Explosion and fire on Indian navy submarine

– Забележени се големи, многу големи оштетувања на пловилото и не е постигнат напредок во пронаоѓање на телата на 18 исчезнати морнари – рече претставник на морнарицата.

Тројца морнари што се наоѓале надвор од подморницата успеале да се спасат скокајќи во водата по првата експлозија.

Премиерот Манмохан Синг, обраќајќи се денеска до нацијата во традиционалниот говор по повод Денот на независноста, во Њу Делхи, изрази жалење за трагедијата што ѝ нанесе голем удар на модернизацијата на морнарицата.

– Длабоко жалиме поради загубата на подморницата ИНС „Синдуракшак“. Се стравува дека во инцидентот 18 храбри морнари го загубија животот – рече премиерот.

– Инцидентот е дотолку поболен бидејќи морнарицата неодамна постигна два големи успеха што се гледаа во изградбата на својата прва нуклеарна подморница „Арихант“ и на носачот на авиони „Викрант“ – рече Синг.

Изминатите денови Индија го претстави првиот носач на авиони од домашна изработка и почна со пробите на море на нуклеарната подморница од индиско производство, што е опишано како „гигантски чекор“ за земјата.

Индиските весници денеска на насловните страници ја оплакуваат загубата на подморницата.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top