| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ повторно во преговори со ПЕИ и ЛП

zaevЗоран Заев се обидува да го зголеми опозицискиот политички блок, но и да ја зацврсти позицијата на социјалдемократите како доминантна опозициска сила во земјава. За таа цел, новиот лидер на СДСМ, веќе контактирал и разговарал со лидерите на Либералната партија и ПЕИ – Ивон Величковски и Фијат Цаноски – објави Алфа.

СДСМ ја прекина соработката со овие две партии по разидувањата околу тоа дали да се бојкотираат или не локалните избори. ПЕИ на изборите коалицираше со ДУИ, а ЛП имаше соработка со Стевче Јакимовски, кој подоцна ја промовираше новата опција – ГРОМ.

 Заев за Алфа ги потврдил средбите кои биле дел од неговата агенда да има контакти со сите партии застапени во Парламентот. Ги нарекол куртоазни, но и со тенденција за идни заеднички потези затоа што, како што вели, „сите средби ги прави со намера за соработка“.
Најавува дека по летниот одмор интенција е таквите контакти да се засилат, за да се оствари конкретна соработка – Прво во Парламентот, а потоа и на други полиња.
Контактот со Заев го потврдиле и во ПЕИ на Фијат Цаноски. Но велат тоа било средба само за да му го честитаат изборот за нов претседател на СДСМ. Либералите официјално не коментираат ништо. Неофицијално, потврдуваат дека имало средби меѓу Ивон Величковски и Заев – и тоа две во текот на летото, на кои станало збор и за тоа каде може да им се поклопат заедничките интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top