| четврток, 6 декември 2018 |

Се сруши авион, пилотите загинаа (фото)

Двајца пилоти загинаа откако товарен авион со американска пошта се сруши на поле во близина на аеродромот во американскиот град Бирмингем во Алабама . Се работи за летало „Ербас А-300“ кое се  срушило додека приоѓало до меѓународниот аеродром Шатлсворт, а делови од леталото сѐ уште се наоѓаат близу пистата, со густ црн час кој се гледа од местото на несреќата.

Two dead in US cargo plane crash

Националниот одбор за безбедност на сообраќајот, упати тим од Вашингтон во Алабама, за да истражи како се случила несреќата.

Временските услови утринава биле многу лоши, со дожд и ниска облачност, но за сега нема податоци дали тоа влијаело на падот на авионот. При несреќата не бил оштетен ниту еден објект на земјата, освен што биле срушени неколку бандери, поради што стотина потрошувачи на електрична енергија останале без струја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top