| четврток, 6 декември 2018 |

„Лукоил“ отвара нова пумпа крај Кочани

lukoil benzinska

Руската нафтена компанија „Лукоил“ ја проширува мрежата од бензински станици во источниот дел на Македонија. Во заедничка инвестиција со кочанската фирма „Еко-оил“ на излезот од градот, во месноста Прокарка кај Кочани, ќе гради современ објект, бензинска станица чија изградба беше означена со поставување камен-темелник.
Новата бензинска станица се простира на површина од над 3.000 квадратни метри, и во неа според проектот се предвидени современи објекти за трговија со нафтени деривати, мини-ресторан и продавница за автогалантерија и прехранбени производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top