
18 индиски морнари се заробени по експлозија што се случила во подморница од руско производство која била усидрена во Мумбај.
– Морнарите останаа во подморницата и се обидуваме да ги спасиме. Мислиме дека се 18. Нема да се повлечеме додека не ги извлечеме – изјави портпаролот на морнарицата.
Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана во несреќен случај.
На фотографиите бојавени на социјалните мрежи се гледа голема огнена топка над пристаништето во кое била усидрена подморницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


