Информацијата деновиве ја соопшти министерот за спорт на оваа азиска земја, Џитедра Синг.
Тој изјави дека Националната антидопинг агенција извршила 9.898 тестирања и оти недозволените стимулативни супстанци најчесто ги користеле кревачите на товар.
„Владата и Националната антидопинг агенција работат со цел спортот да го избават од допинг и да создадат здрава и чиста средина за натпреварување во Индија“, наведува Синг.
Последните тестирања покажале дека шест индиски атлетичарки користеле стероиди станазол и матаниенон, а најпознатата меѓу нив е Ашавин Акуњи, којашто на Азиските игри во 2010 година во Гуангжу освои златен медал во дисциплината 400 метри со пречки и во штафетата 4 пати по 400 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



