Таа го зеде презимето од својот сопруг Бобан Ристов, па над бројот 11 на нејзиниот дрес од тимот на ЖРК Вардар наместо вообичаеното „Пецевска“ овојпат ќе остои новото презиме на искусната ракометарка.
Ќе биде можеби малку чудно на почеток, но сѐ е навика, па така и презимето што стои на дресот. Најважно е да имаме добри настапи и успешна сезона – изјави Драгана Ристова за официјалната веб-страница на ЖРК Вардар.
Ристова поради повреда на мускуслот извесно време тренираше под посебен режим, но од вчера таа им се приклучи на останатите ракометарки на подготовките во Пореч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.