| четврток, 6 декември 2018 |

Матеј Ашанин големо засилување на РК Вардар

Хрватскиот ракометен голман Матеј Ашанин е новото засување на РК Вардар на голманската позиција.
„Црвено-црните“ се договорија со неговиот досегашен клуб шпанскиот Адемар Леон да го платат обесштетувањето од 35.000 евра кое го побара Адемар за ослободување на играчот пред завршувањето на договорот.
Ашанин пред еден месец се поврзуваше со трансфер во лутиот градски ривал Металург, но по останувањето во клубот на најдобриот голман во Лигата на шампиони за минатата сезона Дарко Станиќ, овој трансфер пропадна.
Со ангажирањето на овој играч Вардар ја заокружи листата на играчи за следната сезона каде што ќе настапува на четири фронта – Лига на шампиони, СЕХА-лига, домашното првенство и Купот на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top