| четврток, 6 декември 2018 |

Десетгодишно девојче уапсено за силување на 4-годишно момче

Десетгодишното девојче е уапсено бидејќи наводно силувала нејзино другарче од соседството. Инцидентот се случил во Хјустон овој април, а минатата недела полицијата интервенирала. Мајката на девојчето тврди дека се работи само за недоразбирање.

– Таа е само дете кое се забавува и игра. Таа не знаеше дека прави нешто погрешно – изјавила мајката на девојчето.

Девојчето беше пренесен0 во зградата за малолетничка правда, каде што се земени нејзини отпечатоци и таа беше ставена во ќелија, каде што помина четири дена пред да биде пуштена на слобода.

Главниот претрес ќе се одржи овој месец. За јавноста сѐ уште не се познати деталите за тоа што точно му направило девојчето на нејзиниот 4-годишен сосед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top