| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата на Болт и молњата го обиколи светот

bolt molnja

Додека најбрзиот човек на планетата го прославуваше златото на 100 метри на Светското првенство во Москва, фотографот на агенцијата „Франс прес“ фати златен момент со неговата камера. Оливие Моран сосема случајно успеа да фати во кадар молња над стадионот во Москва додека го фотографирал Болт.

Признавам, прво видов мала верзија од фотограијата и дури не ни приметив дека има молња во заднина. Потоа повторно ги прегледав четирите фотографии што ги снимив. Две беа неупотребливи затоа што небото беше претемно, а молњата не се гледаше. Но, на другите две, со малку среќа, молњата е убава и впечатлива. Во овој четврт век, колку што работам како фоторепортер, никогаш неконтролиран надворешен елемент не ми украсил фотографија олку убаво. И верувам, ако се занимавам со оваа професија уште 50 години, нема да ми се случи истото. Затоа себеси си давам само еден процент заслуга за оваа фотографија, пишал Моран на својот блог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top