На европското првенство во кошарка Б-дивизија, кадетската репрезентација на Македонија денес загуби од соодветната репрезентација на Финска со 59-77(9-16,16-27,23-15,11-19).
По одличниот старт со три победи во низа следуваат два неочекувани порази и со тоа го доведе пласманот во четвртфиналето во знак прашање. Избраниците на селекторот Саша Димитриевиќ лошо го започнаа првото полувреме и со негатива од 18 поени разлика отиде на одмор. Во вториот дел заиграа поорганизирано но немаа сили целосно да направат резултатски пресврт.
За пласман во четвртфиналето селекцијата на Македонија треба да се надева на победа на Португалија над Норвешка и селекцијата на Бугарија да ја совлада Естонија.
Најефикасен во нашиот тим беше Ненад Димитриевиќ со 15 поени и шест скока, додека Дејан Србиновски постигна 14 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.