На Грција не ѝ се допаѓа насловот на кампањата „Инвестирајте во Македонија“. Грчки сајт објави текст со наслов „Агресивен маркетинг од Скопје: Инвестирајте во Македонија“.
Во текстот грчкиот медиум реагира што во рекламата земјава не го користела името под кое сме примени во Обединетите нации, ФИРОМ, туку го употребува името Македонија.
– Со скапа рекламна кампања на големите веб-сајтови, како што е „Си-Ен-Ен“, ПЈРМ се обидува да привлече инвеститори. Во рекламата, која, се разбира, не го користи официјалното име под кое е призната во ОН, ФИРОМ, насловена „Инвестирајте во Македонија“, земјата се идентификува според локацијата на соседите – стои во текстот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.