| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас е за географска одредница, се чуди дека живееле Македонци во Грција

Алексис Ципрац, лидерот на грчката радикалната левица СИРИЗА е за сложено име со географска одредница, ги кажа своите „црвени линии“ во врска со прашањето за името со Македонија во американскиот Стејт департмент, јавува Канал 5 од Атина.

Ципрас деновиве е во Вашингтон каде со помошникот заменик министер за надворешни работи одговорен за европски прашања. Ерик Рубин ги пренел своите видувања за надворешната политика, односно за Грчките прашања околу Турција, Кипар и Македонија.

Сирза уште од 92та се залага за сложено име за нашата земја, па така и поклопувањето на ставовите на владата и опозицијата за многумина и не е изненадување, јавува дописникот на ТВ Канал 5.

Партијата на Ципрас, радикалната левица СИРИЗА често е цел на медиумите заради ставовите околу името. Според последните анкети, нејзиниот рејтинг е во пад. На 4 нови истражувања на јавното мислење, објавени денеска, во неделните изданија на весниците, Неа Демократија има од 1 до 1,7% предност во однос на СИРИЗА, додека пак неонацистичката Златна зора е стабилна на третата позиција. Нивниот рејтинг во анкетите за Вима, Прото тема и Real News и Параполитика се движи од 8,4% до 10,5%, пренесува Канал 5 од Атина.

Неодамна дописникот на МИА од САД, објави аудио интервју со Ципрас снимено во Вашингтон, во кое тој се чуди на прашањето за Турците, Албанците и Македонците што живеат во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top