Фуријата од почеток тргна офанзивно и веднаш поведе со 3-0. Данците се вратија во игра и успеаа да го намалат водството на Шпанија но Европскиот шампион направи премногу технички грешки кои Шпанците максимално ги искористија па на полувремето домаќинот замина со предност и резултат 18-10.
Во вториот расположените Шпанци продолжија во исто темпо. Во првите седум минути од второто полувреме Данците постигнаа само еден гол, а Шпанија постигна седум. Во 17 минута од вториот дел разликата изнесуваше 15 голови.
Натпреварот заврши со 35-19. Кај шпанците најдобри беа Каналес со седум голови, Ривера со шест, а Агинагалде и Македа по пет. Кај Данците најдобри беа Молгард и Сондегард со по четири погодоци. До финалето Шпанците дојдоа со седум победи и само еден пораз, тие за прва пат станаа светски прваци во ракомет.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


