„Мисијата е завршена. Тодор Гечевски ќе игра на Евробаскетот во Словнија. По кампањата на социјалните мрежи и СМС порака од Антиќ, тој се реши да влезе во битката. Каква приказна“ – ниту организаторот на Европското првенство не остана имун на денешната би се рекло, помалку емотивна кампања на Македонците, во обид да го вратат пензионираниот Гечевски во националниот дрес. Приказната е објавена на официјлната страна на Еуробаскет2013 на фејсбук.
Се очекува утре Гечевски да се сретне со челниците во КФМ, по што ќе биде објавена неговата конечна одлука. Тој веќе најави дека не е исклучена можноста да заига повторно во црвено-жолтиот дрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.