| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите се намачија за да го совладаат Луксембург

Македонија ја прекина серијата од два порази во квалификациите за Евробаскет 2017, триумфирајќи на гостувањето против Луксембург со 74-82. Иако стануваше збор за меч против тотален аутсајдер, „црвено-жолтите“ со очајната трета четвртина во која примија 31 поен си ја искомпликуваа судбината. За среќа, следеше консолидација кога беше најпотребно, но јасно е дека ќе мора да се прикаже далеку подобра игра на следниот натпревар против Велика Британија на кој ќе мора да се брка двоцифрена победа.

 

Александар Костоски беше главна фигура при вечерашниот триумф постигнувајќи 20 поени, надополнети со 9 скока и 7 асистенции. Во добро светло се покажаа и Ромео Тревис со 18, Кире Николовски со 15 и Јанески со 11 поени, надополнувајќи за слабиот шутерски ден на Војдан Стојановски, кој реализираше скромни шест поени.

Македонија во следното коло во Кавадарци ќе ја пречека Велика Британија, натпревар на кој „црвено-жолтите“ мораат да бркаат триумф од најмалку десет поени за да си ги задржат шансите за освојување на второто место во групата кое би можело да значи и билет за Евробаскет 2017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top