| четврток, 6 декември 2018 |

Честитки за пензионирањето Гечевски доби и од Задар

tose-zadar

Македонската кошаркарска легенда, Тодор Гечевски синоќа ја заврши својата кошаркарска кариера, а честитки за сè што направи во кареирата пристигнаа од сите страни, вклучувајќи ги и од екипата на Задар.

Популарниот Тоше во хрватскиот тим го доживеа најголемиот успех како кошаркар и во еден момент ја носеше капитенската лента. Воедно, Македонецот е и првиот странец кој ја имал честа да биде капитен на тимот кој доаѓа најкошаркарскот град во Хрватска.

tose-zadar-1

Гечевски во редовите на Задар настапуваше пет сезони, од 2004 до 2009 година и освои два трофеја во хрватското првенство како и уште три во Купот на Хрватска. Некои од навивачите низ коментарите на социјалната мрежа „Фејсбук“ дури и бараат Тоше да отиде во Задар и да одигра проштален меч и во хрватскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top