| четврток, 6 декември 2018 |

Задар не заборава, објави и видео „најдоброто од Тодор Гечевски“

Тодор Гечевски и дефинитивно ја заврши кариерата, а Задар е единствениот клуб што се прости од долгогодишниот македонски репрезентативец онака како што му доликуваше. По честитката упатена веднаш по мечот Работнички – Фенербахче, хрватскиот клуб објави и видео од најдобрите потези на Гечевски во дресот на Задар.

Само за потсетување, Гечевски настапуваше за Задар од 2004 до 2009 година, период во кој овој клуб стигна до две титули во Хрватска (2005 и 2008 година).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top