| четврток, 6 декември 2018 |

Разочарана во љубовта – Северина изразила сочувство на невеста

SEVERINA6Додека медиумите зборуваат за раскинувањето на хрватската пејачка Северина со таткото на нејзиното дете Милан Поповиќ, провокативната пејачка ја исмејува. Според српски „Блиц“ пејачката се „истакнала“ на девојачка вечер во локал во кој натапувала. Група девојки славеле девојачка вечер во клуб во Макарска, па Севе решила да и изрази сочуство на невестата.

-Дали некој овде ќе се мажи? Мое сочувство – рекла Северина.

После овие зборови, со шеговит тон и насмевка му се обратила на бендот:

– Маестро, денеска само весело. Немој веќе овие тажни.

MILAN-I-SEVERINA

Српски „Ало“ решил да ја побара хрватската ѕвезда за коментар за нејзината емотивна состојба, но таа кажала дека не може да се занимава со обвинувањата од страна на нејзиниот партнер, бидејќи има попаметна работа.

-Немам време, имам гости. Побарајте го мојот менаџер – искоментирала Северина.

Милан ја обвини Северина дека не му дозволувала да го иди нивниот син Александар и посочи дека се обратил до надлежните институции за да се избори за своето право да го гледа сопствениот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top