| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска убавица во Индија (фото)

shkortova-na-naslovna-na-izborot-na-fb1376237935_thumb_medium490_0

Велешанката Билјана Шкортова, нашиот  признат и препознатлив македонски бренд во  меѓународни рамки, утрово замина во Индија. Македонската убавица која плени со својата природна убавина, едноставност и скромност, поканата за оваа посета  ја доби за време на изборот за Топ модел на светот кој се одржа  во Египет каде таа го претставуваше Балканот и се пласираше на четвртото место меѓу моделите од Европа – јави Дума.

biljana sh

Шкортова ќе престојува во Индија од 12-ти до 20-ти Август каде на покана на организаторите  ќе учествува на официјалната прес конференција за новиот светски избор„ Miss Universal Princess 2013“ во Делхи, а потоа  и во неколку поголеми градови во Индија (Мумбаи, Худерабад и Гоа).

Нашата Македонка ќе учествува и во предвидените промотивни настани и фотосесии за изборот заедно со истакнати Боливудски имиња. Таа и преставничката од Англија се единствените модели на кои им беше доверена оваа одговорна задача на самиот старт на новиот избор во Индија.biljana sh2

– Чест ми е што токму јас сум поканета за оваа официјална прес конференција со која практично започнува новиот светски избор и што ќе имам можност да соработувам со посветени и професионални луѓе од јавниот живот во Индија во остварување на целиот концепт на изборот, изјави Шкортова за Дума, пред самото заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top