| четврток, 6 декември 2018 |

Надал го сопре Ѓоковиќ во полуфиналето во Монтреал

nadal gokovic

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е поразен од Рафаел Надал по голема борба во полуфиналето на Роџерс купот во Монтреал со резултат – 6:4, 4:6, 7:6(2).

Новак со пет дупли грешки му подари два брејка и првиот сет му припадна на Надал. Во вториот Србинот успеа да се врати и да изадначи.

Одлучувачкиот сет „отиде“ во тај брејк во кој Ѓоковиќ одигра исклучително лошо и освои само два поени. Ова беше 36. меѓусебен дуел, а Шпанецот стигна до 21. триумф.

Со сигурност најдобриот меч досега на турнирот во Монтреал траеше 2 часа и 29 минути. Надал кој од понеделник ќе биде трет тенисер на светот, за трофејот во Монтреач ќе се бори против Милош Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top