Помладиот брат на Рио Фердинанд, кој има 28 години, вториот дел од минатата сезона ја мина како позајмен играч во екипата на Бурсаспор.
Слично како својот поискусен брат и тој игра во одбранбената линија, а во составот на Анталија ќе пристигне како слободен агент, па турскиот табор нема да мора да плаќа обештетување.
Антон Фердинанд досега во својата кариера имаше настапувано за англиските премиерлигаши Вест Хем и Сандерленд.
Во дресот на младата англиска репрезентација овој дефанзивец одигра 17 натпревари.
Пред околу година и половина се најде во центарот на вниманието поради нападот на расна основа упатен кон него од страна на капитенот на Челзи, Џон Тери.
Инаку, Квинс Парк Ренџерс со ова оди натаму со реконструкцијата на тимот, по загубеното место во англиската елита. Очекувањата се до кракот на месецот екипата да ја напуштат најмалку 16 фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор
-
Толку се очајни што нивните навивачи по секој пораз ја повикуваат Брзата помош
-
Официјално: Дејвид Мојс е нов менаџер на Вест Хем


