| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Дејвид Мојс е нов менаџер на Вест Хем

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Евертон и Сандерленд, Дејвид мојс денеска беше промовиран како нов предводник на тимот на Вест Хем. Тој со „чеканите“ потпиша две ипол-годишен договор.

Се очекува уште попладне тимот да тренира под раководство на 54-годишниот шкотски фудбалски стручњак. Мојс го очекува тежок предизвик, да го извади клубот од тешката резултатска криза.

По 11 кола рудни во Премиер лигата „чеканите“ се наоѓаат во зоната на испаѓање. Со само две победи и три нерешени средби, односно девет бода Вест Хем е на 18-то место кое води во понизок ранг на натпреварување, далеку од амбициите што ги негуваше пред почетокот на шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top