| четврток, 6 декември 2018 |

Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор

Лондонски Челзи му подготвува нов договор на Тибо Куртоа.

Куртоа е долгогодишен член на Челзи и еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа, па не е чудно што раководството на лондонскиот клуб планира набрзо да му понуди нов и подобар договор.

Челниците на Челзи сакаат да ги почнат преговорите со Куртоа, за Белгиецот пред крајот на сезоната да го потпише новиот договор и за да бидат сигурни дека нема да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

25-годишниот голман е на мета на мадридски Реал, а оваа сезона некогашниот голман на Атлетико Мадрид настапи на 13 натпревари во Премиер лигата и на шест од нив успеа да ја сочува мрежата.

Куртоа е во Челзи од 2011. година, а со клубот освои две титули во ПЛ и еден трофеј во Лига Купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top